octobre 24, 2020

24h Information

“You cannot help the Roma without the Roma.”

O Gege Demirovski Presedateli tari NPR panda na dobinga pokana bashi i lidersko sredba

Sar so bichavga amenge havljariba o Presedateli taro NPR ( Narodno Partija e Romengiri ) Deka panda na dobinga pokana bashi i lidersko sredba sar Romani politicko partija.

Народната Партија на Ромите како политички субјект кој се залага за остварување на правата и целосната инклузија на Ромите во Македонија и како единствена Ромска партија која самостојно учевствува на предстојните предверемени парламентарни избори, го потсетува претседателот Пендаровски дека сеуште нема покана за присуство на на лидерската средба планирана на 12-ти Мај. Барањето е легитимно и согласно декларативното залагање на Македонија за рамноправно демократско општество и нејзиниот декларативен напор за исполнување на Европските демократски принципи во правиот курс кон Европското семејство. НПР ги советува сите институции во републиката па и институцијата претседател на држава, да отстапат веќе еднаш од нивното декларативно однесување и веднаш да пристапат кон делотворно односеување кој е единствен услов за развој на партиципативната демократија. Доколку претседателот не го исполни барањето на околу 200-та илјади Роми и не даде соодветен одговор, тогаш не е претседател на сите граѓани во државата. Аналогно на тоа и ние Ромите нема да го перцепираме и прифатиме како наш претседател. Со почит Геге Демировски Претседател на НПР