
Почитувани преставници на мејнстрим политички партии во Република Северна Македонија,
Ние како Ромска заедница која живееме со децении во нашата држава, да нашата затоа што Македонија ја сметаме како наша татковина како наша матична земја.
Знаеме и свесни сме низ какви патишта и ситуации помина Република Северна Македонија за да биде мулти етничка држава што е едно големо богатство за една мала држава во регионот и да биде предпознатлива по тоа.
Од независноста на Република Северна Македонија, имаме чуство дека државата се гради во би-дирекционален пат (Македонско-Албанска), тука имаме едно прашање дали Ромската заедница во државата е само парче збор напишан во уставот и во Охридскиот рамковен договор?
Дали на вас како креатори на политики за едно општество ромската заедница ви е значајна само за избори кои ке ве гласат со надеж за подобро утре во нашата држава?
Дали Ромската заедница ви е потребна само во извештаите за унапредување на нашата држава во европската унија?
Почитувани, вашата држава може да има големи бенефити од стекнатиот високо образовен кадар, магистри и др.
Кои можат да и помогнат на нашата држава во сите евро атлански интеграции, како и финансиски субвенции кои се добиваат во нашата држава за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија.
Почитувани, на ромската заедница не и треба интеграција оти ние сме интегрирани уште пред многу одамна, на Ромската заедница потребна и е во Република Северна Македонија политичка волја и социјализација од не-ромските заедници во нашата држава, да бидат вклучени во сите одлучувачки процеси.
Останува на вас одлуката, оти сите кога треба кажувате дека пораснавте со Ромите, дека комшии ви се Ромите, учевте заедно со Ромите, дадилка ви беше Неџмие итн. Дали сакате Ромите сограѓани во вашата држава да не бидат повеќе проблем, него да бидат решение на многу проблеми и прашања?
Андријано Џеладин,
More Stories
O Roma bashi nevi politika ki Severno Makedonija: drom dzi ko samoopredelibe thaj politicko sila
Internacionalno dive e Demokratijakoro: o glaso e Narodoskoro
Ajde te reshinen o Romane problemija !